• понеделник, 10 февруари 2025

Фишер постави светски рекорд на 3.000 метри во сала

Фишер постави светски рекорд на 3.000 метри во сала

Њујорк, 9 февруари 2025 (МИА) - Американскиот атлетичар Грант Фишер постави нов светски рекорд на трката на 3.000 метри во сала.

Дваесет и седумгодишниот Фишер ноќеска на 117. Игри на Милроуз, патеката од 3К ја истрча за 7 минути и 22,91 секунди. Тој го собори светскиот рекорд поставен во февруари 2023 година од Ламече Гирме од Етиопија (7.23.81).

Уште еден Американец, Кол Хокер, исто така го подобри претходниот рекорд, освојувајќи го второто место во конкуренцијата – 7 минути 23,14 секунди. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан