• петок, 20 февруари 2026

Мароко ја победи Нигерија на пенали и се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации

Мароко ја победи Нигерија на пенали и се пласираше во финалето на Африканскиот куп на нации

Рабат, 15 јануари 2026 (МИА) - Мароко синоќа ја победи Нигерија во полуфиналето на Африканскиот куп на нации со 4:2 на пенали. По основните 90 и дополнителните 30 минути игра на „Мулај Абдула“ во Рабат не беше постигнат ниту еден гол.

Во пенал-серијата Нигеријците ги промашија вториот и четвртиот удар, додека домаќините не погодија само во вториот удар.

Мароко ќе се соочи со Сенагал во финалето на 18 јануари. 

Нигерија на 17 јануари ќе игра со Египет за третото место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан