• петок, 22 ноември 2024

Фицо: Словачка ќе ја задржи забраната на одделни земјоделски производи од Украина

Фицо: Словачка ќе ја задржи забраната на одделни земјоделски производи од Украина

Братислава, 22 февруари 2024 (МИА) - Словачка ќе ја задржи забраната за одредени земјоделски производи од Украина бидејќи им штетат на словачките земјоделци, имајќи предвид дека Европската унија презема чекори за продолжување на пристапот на пазарот за уште една година од јуни, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.

-Политиката на ЕУ во овој поглед е ужасна. Нема проблем да пропаднат земјоделците во Словачка, земја членка на ЕУ. Главната работа е што Украина е задоволна, рече Фицо во видео пост, пренесен од британските меидуми.

Тој додаде дека словачкиот претставник вчера заедно со полскиот и унгарскиот амбасадор гласал против предлогот на Европската комисија за продолжување на суспензијата на квотите и царините за украинските земјоделски производи. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан