• понеделник, 23 декември 2024

Фицо: Словачка ги прекинува испораките на оружје за Украина

Фицо: Словачка ги прекинува испораките на оружје за Украина

Братислава, 26 октомври 2023 (МИА) - Новиот словачки премиер, Роберт Фицо, денеска објави дека неговата земја го запира снабдувањето со оружје за Украина и ќе ја ограничи својата поддршка на „цивилна и хуманитарна помош“, пренесоа француските медиуми.

-Сметаме дека помошта за Украина е само цивилна и хуманитарна, нема да испорачаме повеќе оружје на Киев, рече Фицо, еден ден откако беше назначен за премиер на коалициската влада во која има и екстремно десничарска проруска партија. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан