• четврток, 26 март 2026

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско

Фицо: Планот на ЕУ за конфискација на рускиот имот може да доживее фијаско

Братислава, 24 октомври 2025 (МИА) – Планот на Европската унија да го искористи рускиот имот за помош на Украина може да пропадне, бидејќи со себе носи сериозни ризици, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.

- Очекувањата од конфискацијата на замрзнатиот руски имот се огромни, но на следниот Европски совет во декември, кога треба да биде донесена одлука, Унијата може да се соочи со реалноста и планот може да доживее фијаско, истакна Фицо во видео-обраќање објавено на социјалните мрежи.

Словачкиот премиер предложи во заклучокот од самитот на Европската унија во четвртокот да не се споменува можноста за конфискација и Комисијата да предложи други можности за финансирање на Украина за наредните две години и додаде дека предлогот бил усвоен.

Тој предупреди дека предложената конфискација на рускиот имот претставува сериозни ризици, меѓу кои се можни реципрочни мерки од Русија, кршење на меѓународното право и покренување правни постапки од руска страна.

- Ова парче руско сирење е многу примамливо за европските врани, забележа Роберт Фицо. јт/

Остани поврзан