Фицо во договор со коалициските партнери обезбеди повеќе министерства
- Трите партии од владејачката коалиција во Словачка синоќа соопштија дека договориле промени во Владата со цел нејзино стабилизирање, зајакнување на моќта на партијата Смер-СД на премиерот Роберт Фицо

Братислава, 20 февруари 2025 (МИА) – Трите партии од владејачката коалиција во Словачка синоќа соопштија дека договориле промени во Владата со цел нејзино стабилизирање, зајакнување на моќта на партијата Смер-СД на премиерот Роберт Фицо.
Двете мали партии во коалицијата ќе му отстапат на Смер – СД по едно Министерство. Со додавањето на министерствата одговорни за инвестиции, регионален развој и информации и туризам и спорт, партијата на Фицо ќе има контрола над девет министерства, а коалиционите партнери над шест, односно две министерства.
Смер-СД ќе го искористи ова политичко влијание за да ја стабилизира владејачката коалиција и да го врати нејзиното парламентарно мнозинство, објави Фицо на Фејсбук.
Неодамнешната криза во коалицијата го доведе во ризик нејзиното парламентарно мнозинство. Коалицијата имаше 79 места во 150-члениот Парламент, пред четворица пратеници од Глас и тројца од Словачката национална партија да се поделат на парламентарни фракции. Пратениците не преминаа во опозицијата, туку бараа позиции во Владата, Парламентот и државните институции во замена за нивната лојалност. Тоа го отежнува спроведувањето на владината програма во време кога се соочува со насилни протести против нејзината проруска политика. ми/
фото: МИА архива