• недела, 22 декември 2024

ФИФА прими четири кандидатури за организација на женскиот Мундијал 2027

ФИФА прими четири кандидатури за организација на женскиот Мундијал 2027

 

Цирих, 25 април 2023 (МИА) – Четири кандидатури се поднесени за организација на женското Светското фудбалско првенство во 2027 година, објави денеска ФИФА.

Заедничка кандидатура поднесоа САД и Мексико, потоа Холандија, Белгија и Германија, а интерес изразија и Бразил, како и Јужна Африка.

Домаќинот на женскиот Мундијал 2027 ќе биде избран во мај 2024 година.

„Одушевени сме од покажаниот интерес, и не само затоа што доаѓа од земји членки со силна фудбалска традиција кои претставуваат четири конфедерации, со што се потврдува континуираната популарност на женскиот фудбал ширум светот“, изјави генералната секретарка а ФИФА, Фатма Самура.

Годинешното Светско првенство за фудбалерки ќе се одржи во Австралија и Нов Зеланд, од 20 јули до 20 август. ег/
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан