• недела, 22 декември 2024

ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири

ФИФА повторно ја одложи својата одлука по жалбата на Палестина за протерување на израелските тимови од меѓународните турнири

Цирих, 1 септември 2024 (МИА) - Светската фудбалска федерација (ФИФА) повторно го одложи разгледувањето на жалбата на Палестина, која бараше повлекување на екипи од Израел - клупски и репрезентативни, поради воените дејствија во Појасот Газа.

Тоа е втор палестински предлог на оваа тема и беше поднесен во петокот, но ФИФА објасни дека ова прашање повторно ќе се разговара во октомври. И првиот предлог за отстранување на Израел беше поднесен во мај, при што ФИФА нареди итна правна проценка и вети дека ќе го разгледа на итен состанок на советот во јули. Тогаш тоа не се одржа, а датумот беше презакажан за 31 август. А вчера, сепак, немаше никакво поместување.

-ФИФА ја доби независната правна оценка за предлозите на Палестинската фудбалска асоцијација против Израел. Оваа оценка ќе биде испратена до Советот на ФИФА за да може да се дискутира на следната средба, која ќе се одржи во октомври, соопшти централата во Цирих во специјалното соопштение за медиумите.

ФИФА одби да даде повеќе детали за проценката, како на што ќе се базира и кој ја подготвува, како и кога во октомври ќе се одржи состанокот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан