• понеделник, 18 ноември 2024

ФИФА им дозволи на репрезентациите да вклучат 26 играчи во апликацијата за Мундијалот во Катар

ФИФА им дозволи на репрезентациите да вклучат 26 играчи во апликацијата за Мундијалот во Катар
Цирих, 23 јуни 2022 (МИА) – Светската фудбалска федерација (ФИФА) го одобри проширувањето на апликацијата на репрезентациите за Светското првенство во Катар  2022. Како што соопшти прес-службата на ФИФА, зголемен е бројот на играчи кои ќе бидат вклучени во финалната апликација на репрезентацијата од 23 на 26. Максималниот број на играчи во прелиминарната пријавена листа е зголемен од 35 на 55. Исто така, на клупата на тимот сега можат да се најдат 26 луѓе, од кои 15 се заменски играчи, а 11 официјални лица, меѓу кои и лекар. Се известува дека последниот натпревар на клупско ниво за играчите вклучени во конечниот список на нивните тимови мора да се одржи најдоцна до 13 ноември 2022 година. Светското првенство во Катар ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември оваа година. зс/

Остани поврзан