ФИФА го суспендираше поранешниот претседател на Шпанската фудбалска федерација Рубиалес
- Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го суспендира поранешниот претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубиалес на три години од фудбалски активности по инцидентот со шпанската репрезентативка Џенифер Хермосо.
Цирих, 30 октомври 2023 (МИА) - Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да го суспендира поранешниот претседател на Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ), Луис Рубиалес на три години од фудбалски активности по инцидентот со шпанската репрезентативка Џенифер Хермосо.
- Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше Луис Рубиалес, поранешен претседател на Шпанската фудбалска асоцијација, од сите активности поврзани со фудбалот на национално и меѓународно ниво на три години, бидејќи утврди дека го прекршил членот 13 од Дисциплинскиот кодекс на ФИФА. Овој случај се однесува на настаните што се случија за време на финалето на Светското првенство за жени во август 2023 година, објави претставник на прес-службата на организацијата.
На 20 август, шпанската женска репрезентација стана светски шампион, победувајќи ја англиската репрезентација во финалето на турнирот (1:0). За време на доделувањето на наградите, Рубиалес ја бакна Хермосо во усните. Шпанското обвинителство покрена истрага за сексуален напад од страна на Рубиалес.
На 15 септември шпанскиот национален суд на правдата одлучи да му забрани на Рубиалес да и се приближува на репрезентативката на 200 метри и да комуницира со неа во текот на истрагата. зс/
Фото: Твитер