• петок, 20 декември 2024

ФИТ ЗОНА за спортските ентузијасти: Забавна и едукативна сабота во Ист Гејт

ФИТ ЗОНА за спортските ентузијасти: Забавна и едукативна сабота во Ист Гејт
Скопје, 18.02.2022 – Забавната атмосфера во Ист Гејт Мол продолжува. Овојпат фокусот е ставен на спортскиот сегмент од шопинг центарот, каде посетителите ќе бидат внесени во тајните на здравите навики, здравиот животен стил и придобивките од вежбањето и константната нега на умот и телото. На 19.02.2022 (сабота), од 12:00-15:00 часот, на I кат, кај спортскиот корнер, ќе биде претставена ФИТ ЗОНА, - каде заедно со Жарко Батиќ, Моника Стефановска и Лејла Рамковска, како експерти за кросфит, карате и јога, покрај советите за здрав и фит живот за сите присутни, заедно со Ист Гејт Мол и познати спортски брендови достапни во најголемиот шопинг центар во регионот, - оваа сабота ќе приредат и неколку изненадувања. Тројцата експерти и спортски ентузијасти, за сите присутни, ќе претстават интересни спортски предизвици, коишто ако бидат успешно реализирани, секој учесник ќе го очекува вредна награда од одредени спортски брендови. Главниот фокус на Ист Гејт Мол овој викенд ќе биде создавање инспирација за активирање на здрав животен стил на различни начини и форми, а со истата причина, за овој настан спортските брендови во Ист Гејт Мол, како Nike, Adidas, Intersport, Sport M, Under Armour, The Athlete’s Foot, како и тимот на фитнес центарот Палестра, ќе имаат специјални понуди и попусти на услуги, како и опрема и селектирани производи од нивните колекции. Ист Гејт Мол те сака. Ти си центар. ____________________________________________________________________________   MИА - ОТС Комерцијални соопштенија   Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.    

Остани поврзан