• четврток, 26 март 2026

Финска соопшти дека нејзината границата со Русија останува затворена до натамошно известување

Финска соопшти дека нејзината границата со Русија останува затворена до натамошно известување

Хелсинки, 16 април 2025 (МИА) - Финска денеска соопшти дека нејзината граница со Русија ќе остане затворена до натамошно известување.

Финска ги затвори своите копнени граници со Русија на крајот на 2023 година, по порастот на пристигнувања на мигранти од земји како Сирија и Сомалија.

Според финските власти, Москва ја користи миграцијата како оружје против оваа нордиска земја како одмазда за нејзиниот пристап во НАТО, тврдење кое Кремљ го негираше.

„И натаму постои висок ризик дека миграцијата која е инструментализиран ќе продолжи и ќе се прошири, како што беше случај претходно“, се вели во соопштението на финската Влада.

Финска, исто така, усвои закон за итна состојба кој и овозможува да ги одбие барањата за азил од мигрантите кои ја преминуваат нејзината затворена источна граница со Русија и да ги врати назад.

Владата додаде дека редовно ќе ја проценува ситуацијата и ќе ја укине мерката или ќе ја измени доколку отворањето на границата повеќе не претставува „сериозна закана за националната безбедност или јавниот ред“. рп/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан