• четврток, 26 март 2026

Финска, од почетокот на војната, ја поддржала Украина со повеќе од 2,7 милијарди евра

Финска, од почетокот на војната, ја поддржала Украина со повеќе од 2,7 милијарди евра

Киев, 29 мај 2025 (МИА) – Премиерот на Украина, Денис Шмигал, на заедничка прес-конференција со неговиот фински колега Петери Орпо во Киев, се заблагодари за помошта и „непоколебливата солидарност“ од Хелсинки за Киев.

Финска ѝ обезбеди на Украина повеќе од 2,7 милијарди евра воена помош, околу 90 милиони евра финансиска поддршка и приближно 816 милиони евра хуманитарна помош од почетокот на руска инвазија, изјави Шмигал.

Високо цениме сè што владата и народот на Финска направија за нашата стабилност и победа. Ова вклучува повеќе од 2,7 милијарди евра воена помош, околу 90 милиони евра финансиска поддршка и околу 816 милиони евра хуманитарна помош, истакна Шмигал.

Тој додаде дека Финска, исто така, ѝ обезбедила на Украина енергетска опрема, трансформатори, генератори и електрични мотори, а ги поддржала и напорите на земјата за деминирање со осум милиони евра.

Шмигал ѝ се заблагодари на Финска за 28-те пакети за одбранбена помош, како и за нејзината доследност во однос на политиката на санкции. ми/

фото: Икс

Остани поврзан