• сабота, 23 ноември 2024

Финансиска помош за екипите во НБА

Финансиска помош за екипите во НБА
Њујорк, 7 декември 2020 (МИА) - Раководството на НБА донесе одлука да им додели на екипите во лигата пакет финансиска помош во износ од по 30 милиони долари. Сумата, како што објави „Sports Business Journal“, треба да покрие дел од финансиските загуби кои клубови во НБА ги претрпеа во текот на минатата сезона поради пандемијата на коронавирус. Раководството на НБА лига во пресрет на новата сезона им испрати на екипите 158 страници долг протокол со здравствени и безбедносни барања, најавувајќи ненајавени инспекции на салите и одземање на правото на организирање натпревари во случај на нивно прекршување. Новата сезона во НБА започнува на 22 декември со градското дерби меѓу Лос Анџелес лејкерс и Лос Анџелес клиперс. ег/паг/

Остани поврзан