• петок, 05 декември 2025

Финална фаза од реконструкцијата на улици кај „Веселин Вујовски“ во Куманово

Финална фаза од реконструкцијата на улици кај „Веселин Вујовски“ во Куманово

Куманово, 7 ноември 2025 (МИА) - Во Куманово започна финалната фаза на инфраструктурните активности со асфалтирање на на улицата „2002“ со краци „1“, „2“ и „4“ и дел од улицата „Веселин Вујовски“, информираа денеска од општината.

- Претходно беше направена водоводна мрежа, канализациска мрежа, поставени ивичњаци, изградени тротоари, и дополнително сега оди последна фаза, а тоа е асфалтирање. Само да им посакам на граѓаните да бидат живи и здрави и да го користат тоа што Општината го има инвестирано и направено и да го сочуваме секако, а ние ќе продолжиме да работиме во сите делови на градот како и овде, изјави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Овие улици се дел од годишната програма за работа на Општината, со која се предвидува подобрување на уличната инфраструктура во повеќе населени делови од градот. Според најавите, Куманово ќе продолжи со реализација на инфраструктурни зафати и во други урбани и приградски делови, како дел од стратегијата за подобрување на локалната патна мрежа и подобрување на условите за живеење на граѓаните. ам/сст/


Фото  општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан