• сабота, 18 мај 2024

Финалето на македонскиот фудбалски Куп во Струмица

Финалето на македонскиот фудбалски Куп во Струмица

Скопје, 10 април 2023 (МИА) – Финалето на годинешното издание на Купот на Македонија ќе се одржи во Струмица, соопшти попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), по завршување на седницата на Управниот одбор.

ФФМ дополнително се очекува да го објави датумот и терминот на финалето во кое ќе играат актуелниот освојувач на трофејот Македонија Ѓорче Петров и Струга.

Струмица во минатото беше домаќин на куп финалињата во 2017 и 2018 година.

Управниот одбор на денешната седница одлучи редовното Генерално собрание на ФФМ да се одржи на 27 мај во Скопје.ег/свс

 ФОТО: ФФМ

Остани поврзан