Финалето на англискиот ФА Куп на 25 мај
- Финалето на англискиот ФА Куп ќе се одигра на 25 мај на стадионот „Вембли“ во Лондон во традиционалниот попладневен термин, одлучи денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).

Лондон, 23 април 2024 (МИА) – Финалето на англискиот ФА Куп ќе се одигра на 25 мај на стадионот „Вембли“ во Лондон во традиционалниот попладневен термин, одлучи денеска Фудбалската федерација на Англија (ФА).
Финалето е закажано за во 16 часот по средноевропско време, а ФА наведе дека терминот е утврден во координација со клубовите, полицијата и телевизиските куќи.
„Првиот судиски свиреж на натпреварот е закажан за 15 часот по локално време. Одлуката е донесена заедно со клубовите, локалните власти, полицијата и телевизиите кои ќе го пренесуваат натпреварот во живо“, соопшти ФА.
Во финалето ќе играат Манчестер јунајтед и бранителот на трофејот Манчестер сити. ег ФОТО: Фејсбук