• петок, 15 ноември 2024

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември премиерно ќе биде прикажан на Фестивалот во Венеција, а потоа и во Торонто

Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември премиерно ќе биде прикажан на Фестивалот во Венеција, а потоа и во Торонто
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска на 2 септември во 14:15 часот во киносалата „Darsena“ ја има светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција, а на 3 септември во 13:30 часот ќе биде прикажан во киносалата „Palabiennale“. По две децении, ова е прво учество на државава со мнозински проект во една од официјалните натпреварувачки програми на еден од трите најголеми фестивали во светот – Венеција. „Најсреќниот човек на светот“ е филм кој всушност говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир после војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризиран со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, 40-годишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов. Веднаш по Фестивалот во Венеција, „Најсреќниот човек на светот“ ќе има и северноамериканска премиера на International Film Festival во Торонто, кој ќе се одржи од 8 до 18 септември. Официјалните проекции ќе се одржуваат на 9 септември во киносала „ Scotiabank 13 – 310“ со почеток во 21:15 часот, и на 10 септември во киносала „Scotiabank 9 - 192“ со почеток во 21:45 часот. Филмот е копродукција меѓу Северна Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. Развојот и продукцијата е поддржана од Агенцијата за филм, Creative Europe – MEDIA, Еуримаж, Данскиот филмски институт, Belgium Tax Shelter, Хрватскиот аудиовизуелен центар и Филмскиот фонд од Сараево. рп/са/

Остани поврзан