• петок, 05 декември 2025

Филков: Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилигираните

Филков: Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилигираните

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) –  Министерството за правда изминатата година презентира јасни резултати од процесот на рестартирање на правосудниот систем. Од нефункционална институција со затекнати долгови, блокирани механизми и изгубена доверба, министерството денес се позиционира како столб на реформите и гарант на владеењето на правото, изјави министерот за правда Игор Филков на прес-конференција по повод една година на функцијата.

Во изминатите 12 месеци, Филков, нагласи дека подготвени се и доставени до Владата 22 системски закони, од кои 13 се директно предвидени со Реформската агенда. Закони што, како што нагласи Филков, го засегаат правосудниот систем – изборот, оценувањето, платите, статусот и одговорноста на судиите и обвинителите, како и институционалните капацитети на Советите, вештачењето и службите во правосудството.

-Градиме институции што работат за граѓаните, а не за привилегираните. И ова е само почеток. Остануваме посветени и понатаму да работиме посветено, чесно, професионално и транспарентно со фокус на реформите, владеење на правото и подобрувањето на животот на секој наш граѓанин, порача Филков.

По осум години во функција е ставена Комората на вештаци, издаваме лиценци и воспоставивме нова програма за полагање на испит, поништивме одлука на претходната влада со која беше десеткратно зголемена нотарската тарифа, ја вративме правдата и разумот во односите меѓу јавните служби и граѓаните. 

-Во функција го ставивме системот за надоместок за жртви на кривични дела со насилство согласно законот. Ја отворивме канцеларијата на комисијата која што непречено работи. Со ова воспоставивме основа за практична примена на општестевната солидарност, заштита на човековите права и борба против секундарната виктимизација, порача Филков. 

По десет години во функција се ставени и електронските алки за надзор на лица во куќен притвор и куќен затвор. 

-Воведуваме похуман и поефикасен систем на извршување на санкции. Со ова ја прошируваме употребата на алтернативни мерки, рече Филков. 

По 14 години го овозоживме, додаде тој, целсоното функционирање на ситсемот ФЕМИДА за аудио и визуелно снимање на судските рочишта. 

-Со овој чекор транспарентноста и одговорноста во судството не остануваат само наша заложба, туку и фактичка реалност, изјави Филков. 

Од осумте закони во Реформската агенда со рок до јуни 2025, седум се веќе испратени во владина процедура, од кои го истакна Законот за Судски совет, за кој нагласи дека „не се работи за декларативен пристап, туку за суштинска промена насочена кон градење транспарентен, отчетен и професионален Судски совет“. 

-Министерството за правда изработи целосно нов Закон за Судски совет кој веќе е во владина процедура. Законот беше изготвен преку инклуизивен и траснпарентен процес, преку јавни дебати, експертски консултации и активно вклучување на сите релевантни чинители. Посебна потврда за ова е и позитивното мислење добиено од Венецијанската комисија, изјави Филков, апелирајќи до пратениците на Собранието за препознавање на итноста и важноста од носењето на овој закон. 

Во процедура се и законите за плати на судии, за плати на јавните обвинители и за плати на членовите на Судскиот совет и за плати на членовите на Советот на јавни обинители. 

-Со овие закони се озовможува враќање на коефициентите на платите, пред нивното намалување во февруари и декември 2024 година. Целта на овие закони е да се подобри положбата на судиите и јавните обвинители во согласност со стандардите на ЕУ, нагласи Филков.

До Владата, посочи Филков, се испратени уште два многу битни закони кои не се дел од реформската агнеда, а тоа се Законот за спречување на судир на интереси и Закон за заштитено пријавување и заштита на укажувачи. 

-Тоа значи дека реформите се сериозни, европски, но пред се во интерес на граѓаните на Република Македонија, порача Филков.

Во подготовка се уште десет закони, меѓу кои Кривичен законик, Закон за кривична постапка, Закон за судови, Закон за пробација, Закон за конфискација на имот во граѓанска постапка, Закон за помилување, Законт за здруженија и фондации, како и Закон за процена и Закон за судски буџет. 

-Секој од овие закони е дел од визијата за модерно, фер и одговорно правосудство. Нешто, за што оваа Влада се залага уште од првиот ден, рече Филков. 

Филков, исто така, нагласи дека е формиран и нов Совет за координирање на информатичко комуникациската техенологија во правосудството, кој работи на дигитализација на целокупниот систем и негово меѓусебно поврзување. 

-Резултатите се веќе видливи. Најчесто бараните потврди за неосудуваност веќе се издават во многу краток рок. Ова е само почеток на започнатите реформи, изјави Филков. 

Уште еден важен чекор за правичен и хуман третман, нагласи Филков е и првиот водич за бесплатна правна помош за барателите на азил, едукативната кампања „Наша надлежност, твое право“, а склучени се меморандуми за сорботка со земјите од регионот и неколку правни факултети од земјава со што се создава основа за потесна врска меѓу академската заедни и институциите во правосудинот сектор. аа/вг/

Фото: Министерство за правда 

Остани поврзан