• среда, 25 декември 2024

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

Филипче: СДСМ ќе предложи закон за реално намалување на цените на производите

Скопје, 10 октомври 2024 

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче во вечерашното интервју во дневникот на КТВ телевизија, најави дека пратеничката група на СДСМ наскоро ќе поднесе предлог Закон до Собранието со кој граѓаните ќе почуствуваат реално намалување на цените на основните производи.
„Гледајќи што се случува, ќе излеземе со предлог Закон за намалување на цените по мехнизам со којшто граѓаните навистина ќе го почуствуваат намалувањето и ќе има намалување на цените. Тој Закон ќе го поднесеме во Собранието заедно со еден друг пакет на закони и ќе се однесува на 241 прозвод кои се во прехранбената кошничка“, рече Филипче.


Во интервјуто, Филипче посочи дека одлуката за предлог Законот е поради тоа што Владата донесе мерка која што нема реален ефект врз намалување на цените.
„Граѓаните мора да се свесни дека ќе имаат се помалку пари во џебовите , сега ќе се соочат и со кризи, ќе има ценовни шокови како што има секоја есен и зима.За жал не гледаме дека Владата нешто презема во тој дел.Најавија и донесоа некакви мерки за замрзнување на цените, но во каков тек на настани? Прво ја најавија мерката, потоа ја повлекоа, оставија период од 7 до 8 дена за согласно тоа најавување продавачите на прехрнабени производи да ги прилагодат цените а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплеметираа таа мерка“, рече Филипче.


При тоа, Филипче посочи дека со владината мерка се опфатени само 70 до 80 производи, за разлика од од мерката во време на Владата на СДСМ, со која во период на најголемите кризи над 500 прехранбени производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени.
„Ние мораме да интервенираме бидејќи сметаме дека Владата е во една целосна конфузија и во една тотална безидејност.Оваа Влада работи целосно спротивно на тоа што го најавуваше за време на предизборната кампања и спротивно на интересите на граѓаните“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска е последниот министер во Владата кој ги демантираше изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.

Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за КТВ, потенцирајќи дека Мицкоски и неговите министри испраќаат целосно дисонантни пораки. Тоа се случи во неколку наврати и е поврзано со неколку состојби во  државата, потсетува Филипче.

„Премиерот најави некаква дестабилизација, а министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави ‘Не, ситуацијата е стабилна и нема ризик од дестабилизација’. Премиерот најавуваше дека некако ќе сме ја подобреле ситуацијата во преговорите со Европската Унија, министерот Орхан Муртезани од редовите на ВЛЕН кажува дека тоа не е прифатливо во ниту една земја членка на ЕУ“, истакна Филипче.

Последна во редот со демант на мерките што како успех ги претставува Мицкоски е министерката за финансии, Димитриеска-Кочоска, според која мерка за ограничување на маржите нема ефект.
 
„Владата најави и донесе некакви мерки за замрзнување на цените. Меѓутоа, текот на настаните беше следен: Прво, ја најавија мерката, па ја повлекоа. Оставија период од седум до осум денови за согласно најавата продавачите ги прилагодат цените, а некои дури и да ги зголемат и потоа ја имплементираа таа мерка“, појаснува Филипче.

Од ваквиот однос, јасно е дека мерките што ги носи владата, наводно во интерес на граѓаните, немаат никаков ефект бидејќи со нив се опфатени само 70 до 80 производи, вели Филипче и додава:

„Владата на СДСМ донесе мерки во рамки на кои над 500 производи од потрошувачката кошничка беа со замрзнати цени во време на најголемите кризи“.

Филипче во интервјуто најави дека СДСМ во следните недели ќе поднесе предлог-закон за намалување на цените по механизам според кој граѓаните навистина ќе ја почувствуваат разликата и олеснувањето за нивниот буџет. Во овој закон ќе се најдат над 240 производи кои се дел од основната прехранбена кошничка. Покрај овој предлог-закон, Филипче најави дека пратеничката група на СДСМ ќе поднесе цел сет на закони.

„Ова ќе го направиме бидејќи сметаме дека владата е во една тотална конфузија и безидејност“, потенцира Филипче.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ 

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ 

 

 

Остани поврзан