Филипче: Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија
- Македонија не може да ја води човек што не верува во луѓето. Човек што мисли дека државата се води со навредување, пресметки и ароганција. Јас не го делам народот на ваши и наши. Верувам дека секој човек во оваа земја треба да се почитува и треба да му се помогне. Верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротивставиш на најмоќните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина што се одржа во Струмица под слоганот „Се бориме за нашиот дом“.
Струмица, 12 октомври 2025 (МИА) - Македонија не може да ја води човек што не верува во луѓето. Човек што мисли дека државата се води со навредување, пресметки и ароганција. Јас не го делам народот на ваши и наши. Верувам дека секој човек во оваа земја треба да се почитува и треба да му се помогне. Верувам дека патриотизам е да го обединиш народот околу заедничка цел, да водиш политика на заштита на луѓето, да подадеш рака на најслабите и да им се спротивставиш на најмоќните, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на вечерашната граѓанска трибина што се одржа во Струмица под слоганот „Се бориме за нашиот дом“.
Лидерот на опозицијата порача дека верува во институции, коишто му служат на народот.
- Верувам во реформи, а не во политиканството. Верувам во Македонија што оди напред, не се враќа назад во реваншизам и конфликти. И не сум сам. Зад мене е СДСМ, партијата што ја донесе независноста, партијата што го обезбеди мирот и државноста, партијата која ја внесе Македонија во НАТО, партијата што ги отвори вратите кон Европа, партијата што со сите мани никогаш не се откажа од патот кон слободата, еднаквоста и напредокот, нагласи Филипче.
Од друга страна, како што посочи, ВМРО ДПМНЕ кога е на власт државата стагнира и секогаш е исто сценариото.
- Празни обвинувања кон противникот, поделби, хистерија, па хаос. Со ВМРО ДПМНЕ никогаш нема нови хоризонти, нема можности за граѓаните. Нема надеж во воздухот, има само гнев, апатија и немоќ. Партија, која единствено водена од патолошката желба по секоја цена да остане на власт. И затоа, никогаш нема да бидеме исти и затоа оваа битка не е само политичка, туку е морална и историска битка, заклучи Филипче на митингот во Струмица.
Пред граѓаните се обрати и кандидатот за градоначалник Марјан Даскаловски кој порача дека општината 20 години се менува и создава.
- 20 години докажуваме дека знаеме, можеме и не се откажуваме, затоа што Струмица не заслужува пауза. Струмица заслужува иднина, смело и одговорно се бориме за нашиот дом. Кога некој ќе ве праша зошто сте овде вечерва, кажете му дека сте овде затоа што веруваме во Струмица. Овде сме затоа што никој нема да ја напише приказната наместо нас. Овде гледам граѓани што ја носат иднината во раце, истакна Даскаловски.
Вечерва беа промовирани и кандидатите за советници од СДСМ и коалицијата и носителот на листата, Миле Гогов.
На трибината присуствуваше и поранешниот лидер на СДСМ и премиер, Зоран Заев. рт/бак/
Фото: принт скрин