• четврток, 26 декември 2024

Филипинските војници убиле еден и уапсиле уште еден осомничен за бомбашки напади

Филипинските војници убиле еден и уапсиле уште еден осомничен за бомбашки напади
Манила, 2 јуни 2022 (МИА) – Филипинските трупи убиле еден и заробиле друг маж во кратка размена на оган со бунтовниците поврзани со терористичката група Исламска држава. Тие се обвинети за неодамнешните бомбашки напади во јужниот дел на земјата, изјавија денеска воени претставници. Војската и полицијата вчера накратко се судриле а со членовите на групата Даулах Исламија во градот Маланг Котабато, додека трагаа по извршителите на неодамнешните бомбашки напади за кои се верува дека имале за цел да изнудат пари од автобуски компании и други бизниси на југот. Во конфликтот е убиен осомничениот Монир Линтукан, а другиот Ренди Саро е уапсен, изјави потполковникот Ромел Мундала. Линтукан и Саро се меѓу осомничените за минатомесечните бомбашки напади на автобус во градот Коронадал и на паркинг за автобуси во градот Такуронг, соопштија воени претставници. јт/

Остани поврзан