Физички пресметки меѓу навивачите на Бетис и Челзи пред финалето на Конференциската лига
- Конфликт меѓу навивачите на Бетис и Челзи синоќа се случил на плоштадот во Вроцлав во пресрет на финалето на Конференциската лига.
Вроцлав, 28 мај 2025 (МИА) - Конфликт меѓу навивачите на Бетис и Челзи синоќа се случил на плоштадот во Вроцлав во пресрет на финалето на Конференциската лига.
Според „Естадио Депортиво“, во тепачката беа користени и стаклени шишиња, столови од ресторан и други тврди предмети.
На местото на настанот пристигнале неколку полицајци кои употребиле солзавец за да ги смират страстите.
Судири биле забележани и на други места во Вроцлав.
Бетис и Челзи ќе се сретнат во финалето на Конференциската лига вечер со почеток во 21 часот. зс/
Фото: ЕПА