• четврток, 26 март 2026

Физичка пресметка меѓу мајка и ќерка пред угостителски објект во Кавадарци 

Физичка пресметка меѓу мајка и ќерка пред угостителски објект во Кавадарци 

Кавадарци, 12 септември 2025 (МИА) - Во полиција било пријавено дека мајка и ќерка го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Синоќа во 21 часот во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ја приведоа Ј.Ч., 38-годишна кавадарчанка. Тоа, постапувајќи по претходна пријава дека пред угостителски објект во Кавадарци, таа и нејзината 65-годишна мајка О.А., го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, појаснија од СВР - Велес.

Исто така, како што истакнаа од СВР - Велес, Ј.Ч. агресивно се однесувала и кон полициските службеници, кои вршеле службени дејствија, односно постапувале по пријавата.

-Ј.Ч. е задржана во полициска станица, а по документирање на настанот, против неа и мајка ѝ ќе бидат поднесени соодветни пријави, нагласија од СВР - Велес. свд/сст/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан