• сабота, 20 декември 2025

Физикалната терапија веќе ги надминува очекувањата за заздравување на 49 повредени од кочанската дискотека „Пулс“

Физикалната терапија веќе ги надминува очекувањата за заздравување на 49 повредени од кочанската дискотека „Пулс“

Штип, 4 јуни 2025 (МИА) - Рехабилитација на повредените млади луѓе во дискотеката „Пулс“ позитивно ги надминува очекувањата на физијатрите од штипското и кочанското Одделение за физикална терапија.

Началникот на Одделението за физикална терапија при Клиничка болница - Штип Никола Костадинов денеска изјави дека  лекувањето е долготрајно, но со добра физикална терапија, пациентите успешно заздравуваат. Тој посочи дека сите се во стабилна состојба. Во моментов 42 од повредените се рехабилитираат во кочанската Општа болница, а седуммина секојдневно го посетуваат Одделението за физикална терапија, познато меѓу пациентите и како бања „Кежовица“.  

-Во однос на рехабилитацијата на пациентите, повредени во дискотеката, е добра. Сите трансплантантите се прифатени и во однос на раздвижувањето на зглобнииот дел работите одат во нагорна линија. Најголем дел од повредените се со изгореници на шаките, дел од повредените имат изгореници на вратот и рамењата, но имаме и трауматски повреди и ампутации, изјави Костадинов.

Медицинската рехабилитација во која се вклучени  лекари од Скопје, Штип и Кочани, може да трае и до 24 месеци. Во моментот на Одделението за физикална терапија се опремува просторија, која ќе биде наменета само за повредените во пожарот. Сепак, потребни се апарати со кои процесот на заздравуваање ќе биде многу побрз.

 -Спецификата на оваа рехабилитација е тоа што се извршува секојдневно, индивидуална е за секој пациент и задолжителен е надзор од физијатри. Во моментот во кочанската Општа болница има работна машина за горни екстремитети која го олеснува процесот на рехабилитација. Се надеваме дека во наредниот период таков апарат со кој добиваме побрзи резултати, ќе добиеме и во Штип, рече Костадинов.

Физијатрите и физиотерапевтите од штипската Клиничка и кочанската Општа болница очекуваат од понеделник да им помагаат и колегите од болницата „8 Септември“ и од Институтот за физикална терапија во Скопје.

Здравствените работници  од Штип и Кочани, вклучени во процесот на рехабилитација завршија  шестнеделна обука организирана од страна на англиската Организација за ургентна медицина,  сертифицирана исклучиво за пациенти со изгореници. Во најголемата трагедија во земјава 62 млади луѓе загинаа, а околу 200 беа повредени. вдј/мд/

Фото: МИА  

Остани поврзан