Фидан: Цел свет ги набљудува преговорите во Истанбул
- Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан ги отвори денешните преговори помеѓу Украина и Русија во Истанбул, посочувајќи дека „целиот свет ја набљудува“ средбата
Анкара, 2 јуни 2025 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан ги отвори денешните преговори помеѓу Украина и Русија во Истанбул, посочувајќи дека „целиот свет ја набљудува“ средбата.
- Веруваме дека денешниот состанок ќе донесе конкретни резултати и ќе нè приближат кон мирот, посочи Фидан.
Тој додаде дека на средбата ќе се разговара и за размена на воени заробеници.
- Ќе разговараме и за подготовка за средба на лидерите на двете земји, наведе Фидан, додавајќи оти честите и содржински состаноци ќе донесат корист за двете земји. ми/
фото: ЕПА