• петок, 21 март 2025

Фидан: Турција може да придонесе за можна мировна мисија во Украина

Фидан: Турција може да придонесе за можна мировна мисија во Украина

Анкара, 20 март 2025 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Анкара би можела да се приклучи на мировната мисија во Украина доколку таквиот чекор биде одобрен од двете страни во конфликтот, пренесоа турските медиуми.

-Постојат две опции - договор за прекин на огнот и примирје. Разговорите меѓу претседателот Трамп и претседателот Путин не дадоа конечна одлука за прекин на огнот... Ако теоретски двете страни во конфликтот се согласат да формираат мировни сили како дел од договорите меѓу нив, можеме да дадеме свој придонес, рече Фидан, нагласувајќи повторно дека Анкара нема да преземе такви дејствија со одобрение само на една од страните во конфликтот.

Изјавата на Фидан доаѓа во позадина на денешните меѓународни разговори меѓу високи воени претставници во Британија во врска со деталите од планот за поддршка на Украина. Ова е стратешки чекор во обезбедувањето брз одговор од Западот во случај на мировен договор меѓу Киев и Москва. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан