• четврток, 26 март 2026

Фидан побара од црногорските власти да ги заштита правата на турските државјани

Фидан побара од црногорските власти да ги заштита правата на турските државјани

Анкара, 27 октомври 2025 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска телефонски разговараше со премиерот и со министерот за надворешни работи на Црна Гора, Милојко Спајиќ и Ервин Ибрахимовиќ.

Фидан во разговорите со Спајиќ и Ибрахимовиќ побарал црногорските власти да преземат мерки за обезбедување на сигурност и заштита на правата на турските државјани во Црна Гора.

Неговото барање уследи откако беа приведени турски и азербејџански државјанин беа приведени во саботата откако нападнаа еден човек во Подгорица. Тие се осомничени за насилничко однесување. Синоќа во Подгорица уништена е продавница во сопственост на турски државјанин. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан