• петок, 05 декември 2025

Фидан и Рубио разговараа за Украина, Сирија и Појасот Газа

Фидан и Рубио разговараа за Украина, Сирија и Појасот Газа

Анкара, 3 јуни 2025 (МИА) – Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска телефонски разговараше со американскиот државен секретар, Марк Рубио, за војната во Украина, како и за најновите случувања во Сирија и Газа, пренесе Си-Ен-Ен Турк.

Во разговорот биле разгледани чекорите преземени за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина и резултатите од преговорите одржани во понеделникот во Истанбул.

Се додава дека шефовите на дипломатиите, исто така, размениле мислења за ситуацијата во Сирија и во Појасот Газа. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан