• сабота, 18 мај 2024

ФИБА ги одреди судиите за претквалификацискиот „балон“ во Скопје

ФИБА ги одреди судиите за претквалификацискиот „балон“ во Скопје
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) - Светската кошаркарска федерација (ФИБА), поточно судскиот департмент, ги одреди официјалните лица за претстојниот претквалификациски турнир во машка сениорска конкуренција кој ќе се одржи во периодот од 12 до 18 август во Скопје. Натпреварите на кои покрај македонската репрезентација ќе учествуваат и селекциите на Словачка и на Швајцарија од групата„ Ф“ ќе ги судат Фернандо Калатрава (Шпанија), Мехмет Карабилечен (Турција), Илиас Кунелес (Кипар), Оскарс Лучис (Летонија), Михал Прок (Полска), Толга Сахин (Италија). Комесар на претквалификацискиот турнир во Скопје ќе биде Антони Колган од Австрија. Трите репрезентации ќе одиграат по два меѓусебни натпревара. Двете првопласирани ќе изборат пласман во квалификациите за Мундобаскет 2023. зс/

Остани поврзан