• недела, 22 декември 2024

ФЗО-ЗПЛ: Со дигитализација до намалени бирократија и можни злоупотреби

ФЗО-ЗПЛ: Со дигитализација до намалени бирократија и можни злоупотреби

Скопје, 11 јули 2024 (МИА) - Преку дигитализација до намалување на бирократија и на можноста за злоупотреби, се наведува во денешното соопштение на Фондот за здравствено осигурување (ФЗ).

Решавање на проблемите со што се соочуваат лекарите во државава, било тема на разговор на директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со претставници на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч. 

- Приватните здравствени установи (ПЗУ) се носечки столб на примарното здравство и тие се првиот контакт на граѓаните со лекарите. Нивната подобра ефикасност зависи од подобрите услови за работа, што значи пред сѐ намалување на бирократијата која во моментов е обемна. Планот на ФЗО е значајно да го подигне степенот на дигитализација и со тоа драстично да се намали бирократијата, а во исто време, да се постигне побрз проток на информации помеѓу институциите во здравствениот систем. Дигитализацијата ќе ја намали и можноста за злоупотреби, а во исто време, ќе ја подобри услугата на пациентите, потенцира в.д директорот Сашо Клековски, пишува во соопштението.   

На средбата заеднички било констатирано дека само со дијалог, отворен однос, двонасочна комуникација, може да се решат сите проблеми во интерес на лекарите и на пациентите.

- Останува да се решат наталожените проблеми како што се барања за уредување на односите ПЗУ и матични доктори, зголемување на капитацијата, како и измени во казнени политики - укинување на дестимулација и казни изразени во проценти од плата. Како вонредна мерка, ЗПЛРМ побара за време на екстремните температури, хроничните пациенти да не се препраќаат до специјалисти за нови препораки, туку да важат старите. За ова барање, веднаш е информирано Министерството за здравство, се додава во соопштението на ФЗО. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан