• понеделник, 23 декември 2024

Фетел: Срамота е да ги пропуштаме тренинзите, не сум тука да возам скутер

Фетел: Срамота е да ги пропуштаме тренинзите, не сум тука да возам скутер
Мелбурн, 8 април 2022 (МИА) – Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел изрази незадоволство од перформансите на болидот на првиот тренинг пред главната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија. - Имавме проблем, имаше чад и изгубив струја. Морав да го запрам болидот на патеката. Дадов сЕ од себе за да ја минимизирам штетата и излегов од автомобилот што е можно побрзо. Не успеавме да го рестартираме болидот. Кога бевме сигурни дека нема повторно да се запали, прашав: „Може ли да се вратам? Но, сесијата веќе беше завршена. Тогаш едно лице на скутер дојде по мене и ми понуди да седнам на задното седиште. Прашав: „Можам ли сам да возам?“ Затоа што повеќе сакам да возам. И тој рече: „Во ред, оди“. И отидов“, ги цитира зборовите „Аутоспорт“ зборовите на фетел. Поради проблем, пилотот на Астон Мартин не само што го пропушти крајот на првиот тренинг, туку не учествуваше ниту на вториот. зс/

Остани поврзан