Фетел можно е да се врати во Формула 1
- Себастијан Фетел би можел да го замени Хамилтон во Мерцедес. Четирикратниот шампион во Формула 1 во неколку наврати изјави дека не планира да ја продолжи кариерата во блиска иднина, но не ја исклучи таквата можност во иднина.
Лондон, 5 февруари 2024 (МИА) – Себастијан Фетел би можел да го замени Хамилтон во Мерцедес. Четирикратниот шампион во Формула 1 во неколку наврати изјави дека не планира да ја продолжи кариерата во блиска иднина, но не ја исклучи таквата можност во иднина.
Според „F1-Insider“, во сегашната ситуација, Фетел може да се премисли и да седне во болидот на Мерцедес во 2025 година, кој ќе биде испразнет откако Луис Хамилтон ќе се пресели во Ферари.
Сепак, извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, на прашањето за кандидатурата на Фетел, изрази сомневање дека Германецот би сакал да ја продолжи кариерата.
-Мислам дека Себастијан веќе ја донесе својата одлука и не сака повеќе да се трка. Но, ние сме пријатели и редовно комуницираме. Последниот пат кога разговаравме беше пред некој ден, но не за тоа дали сака повторно да се трка, истакна Волф.
Новата сезона во Формула 1 ќе почне на 2 март со трката за Големата награда на Бахреин. зс/
Фото: ЕПА