• петок, 22 ноември 2024

Фетел казнет поради возење скутер по првиот тренинг на ГН на Австралија

Фетел казнет поради возење скутер по првиот тренинг на ГН на Австралија
Мелбурн, 8 април 2022 (МИА) - Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, е казнет со 5.000 евра бидејќи возел скутер откако застанал на патеката за време на првиот тренинг во Мелбурн. Болидот на германскиот пилот „откажа“ на патеката поради проблеми со моторот, по што Фетел од страна го догледа остатокот од сесијата. - На крајот од тренинг-возењето, пилотот бараше начин да се врати во својата база. Тој побара и доби скутер од еден од присутните и возејќи се по патеката се врати во тимската база. Во меѓувреме, сопственикот се обиде да стапи во контакт со контролорот на трката за инструкции, се вели во соопштението на стјуардите. Фетел се врати на патеката овој викенд, откако ги пропушти првите две кола од сезоната во Формула 1, откако беше позитивен на тестот за коронавирус. Германецот не можеше да комплетира ниту еден круг за време на вториот тренинг бидејќи механичарите работеа на неговиот болид. Утре, 9 април, на трката за ГН на Австралија во Мелбурн ќе се одржат третиот тренинг и квалификациите, а главната трка е закажана за в недела. зс/

Остани поврзан