• петок, 22 ноември 2024

Фетаи од Работнички во Локомотива Загреб

Фетаи од Работнички во Локомотива Загреб

Загреб, 1 јули 2023 (МИА) – Хрватскиот фудбалски прволигаш Локомотива Загреб денеска официјално го претстави членот на македонската јуниорска репрезентација Фета Фетаи за свое ново засилување за сезоната 2023/24.

Осумнаесетгодишниот Фетаи се пресели во хрватското првенство од редовите на македонскиот прволигаш Работнички.

Фетаи, кој е член на македонската репрезентација до 18 години, изминатата сезона одигра 13 натпревари за Работнички во домашното првенство.

Талентираниот Фетаи ја продолжува низата на млади македонски репрезентативци, кои преку Работнички почнаа интернационална кариера, следејќи го примерот на Лука Станковски, Елиф Елмас, Давид Тошевски, Методи Максимов, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски и Дарко Велковски. ег/сст/

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан