• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Фетаи на прием кај Рокас по повод Денот на Европа

Фетаи на прием кај Рокас по повод Денот на Европа

Скопје, 8 мај 2025

Во пресрет на Денот на Европа, заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, присуствуваше на церемонијата организирана од амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Михаелис Рокас.

-Имав чест да ја прославам оваа значајна дата, која претставува повеќе од само сеќавање на Шуманската декларација, таа е симбол на единството, мирот и заедничката визија за иднината на нашиот континент, напиша Фетаи на својот профил на Фејсбук.

Оценувајќи го значењето што Европската Унија го има за Северна Македонија, Фетаи потенцира дека ЕУ не е само политичка или економска аспирација, туку единствениот стратешки пат и најдоверлив партнер за земјата.

-9 Мај нè потсетува дека европската интеграција не е само технички процес на зачленување, туку длабока посветеност на европските вредности: демократија, владеење на правото, човечко достоинство и подобар живот за сите наши граѓани, истакна тој, додавајќи дека земјата е решена со посветеност и одлучност да го следи овој пат.

Кабинет на Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Кабинет на вицепремиерот Фетаи

Остани поврзан