Фестивал „Пчели и мед“ викендов во Охрид
- Пчеларите од охридскиот регион ќе ги изложат своите производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните вкусови и специфичности на охридскиот мед.
Охрид, 8 август 2025 (МИА) – Во Охрид викендов ќе се одржи Фестивал на пчелни производи „Пчели и мед“, организиран од локалните пчелари.
Пчеларите од охридскиот регион ќе ги изложат своите производи, а потрошувачите ќе можат да ги дегустираат различните вкусови и специфичности на охридскиот мед.
- Ги очекуваме сите љубители на пчелни производи, сите љубители на природата, дечињата и сите добронамерни посетители, посочуваат членовите на пчеларското здружение „Охрид“.
Фестивалот ќе се одржува денеска и утре на плоштадот „Крушевска република“ од 16 часот. аб/мд/
фото: МИА архива