• петок, 22 ноември 2024

Фестивалот на пивото во Прилеп помина весело и без никакви проблеми

Фестивалот на пивото во Прилеп помина весело и без никакви проблеми

Прилеп, 4 септември 2023 (МИА) - Добра посетеност, весела забава и дегстација на пенлив пијалак и вкусна скара. Вака го оценуваат надлежните градски власти и организаторите 20-тиот Фестивал на пивото, ребрендиран како „Бирвикенд Прилеп“.

Со гости од повеќе градови, штандови и изведувачи од земјава и од Регионот трите фестивалски дена помионаа во најдобар ред и весело. Фестивалот на пивото во Прилеп се одржуваше од 1 до 3 септември.

Очекувано, последната, неделна фестивалска вечер беше и најпосетена.

- И со изменет календар, Фестивалот на пивото помина весело и во одлична атмосфера. Трите фестивалски дена поминаа без проблемни, сигурно за сите посетители а ги имаше од повеќе градови од земјава, вели Влатко петкоски, портпарол на прилепската локална самоуправа.

Организаторите, „Евент груп“ годинава почна со дел новини, прво во ребрендирање на Фестивалот во „Бирвикенд Прилеп“ а потоа, за догодина тие новини да бидат посеопфатни.

И прилепските комуналци се задоволни кои во најбрз временски период центарот на градот го вратија во вообичаената состојба и исчистен.

Од јавното комунално претпријатитие за трите фестивалски дена се депонирани преку 40 метри кубни мешан комунален отпад.

На надлежните во Прилеп им е најбитно што Фестивалот помина безбедно, без проблеми и во весела атмосфера.

Инаку во трите фестивалски дена настапија изведувачи од земјава и Регионот, и тоа: Миле Кузманоски, Ламбе Алабакоски, Тијана М, „Тропико бенд“, „Ареа“, групата „Хурикан“, „Пајак, „ДНК“, Бојана Скендеровски, Наум Петрески и Аца Лукас.ем/свс

фото извор МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан