• понеделник, 25 ноември 2024

Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ вечерва во Куманово

Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ вечерва во Куманово
Скопје, 2 јуни 2022 (МИА) - Во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва  ќе се одржи Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2022. Како што информираат организаторите, во рамки на четвртото издание на фестивалот, организиран од фото-кино клуб „Козјак“ - Куманово, во два 90-минутни блока (со пауза од 20 минути помеѓу) ќе бидат прикажани 11 филмови. - Наградени филмови се косовскиот „Изместено“ режиран од Самир Карахода, македонскиот „Северен Пол“ со Владимир Самоиловски како директор на фотографија, „Божиќен Ангел“ (Грција) по сценарио на Фотис Зампетакис, заедно со најдобриот домашен филм „Обичната Ели“ и најдобар краток филм „Сама“ од Хрватска. Официјално селектирани филмови кои ќе бидат прикажани се венецуелскиот „Импровизирана земја„, италијанскиот „Свет син“, "Work It Class!" од Шпанија, австралискиот „Мајсторот„ и „Сочувствување„ (САД), како и домашниот студентски документарец „Мачор„ на авторката Тина Величковиќ, наведуваат организаторите. Стручното жири на годинашниот „ФИЛМАЈ“ е составено од три члена Сезер Салихи (сценарист и режисер), Косара Митиќ (сценарист и режисер) и Филип Илиевски (член на фото-кино клуб „Козјак“). ар/сп/

Остани поврзан