• четврток, 26 март 2026

Фестивалот на камерни хорови „Астибо-Фест“ почнува вечерва во Штип

Фестивалот на камерни хорови „Астибо-Фест“ почнува вечерва во Штип

Штип, 3 октомври 2025 (МИА) – Во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип вечерва почнува интернационалниот Фестивал на камерни хорови „Астибо-Фест“.

Во писмено соопштение од Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип стои дека осмиот Фестивал на камерни хорови „Астибо-Фест“ почнува во 19:30 часот.

-Фестивалот ќе продолжи и утре, 4 октомври, со втор фестивалски концерт во исто време и на истото место.Публиката ќе има можност да ужива во настапите на врвни хорови и вокални ансамбли од: Македонија, Србија, Бугарија, како и интернационалниот хор „SINGERS UNITED“ со учесници од САД, Велика Британија, Канада, Јапонија, Русија, Белгија, Костарика и други земји, се вели во соопштението од Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип.

Настанот е со слободен влез и претставува вистински празник на хорската музика и култура. Организатор се Здружение на граѓани Градски камерен хор „Астибо - Штип“, а коорганизатор: НУ Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип, со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам и Општина Штип. вдј/мд/

Фото: МИА 

Остани поврзан