Ферибот од Валенсија за Мајорка евакуиран по пожар во машинското одделение
- Ферибот на линија од шпанскиот пристанишен град Валенсија до туристичкиот остров Мајорка се запали, по што околу 350 патници останаа блокирани во морето околу 24 часа, додека чекаа да бидат преземени од друг брод, пренесе ДПА.
Мадрид, 9 јули 2024 (МИА) - Ферибот на линија од шпанскиот пристанишен град Валенсија до туристичкиот остров Мајорка се запали, по што околу 350 патници останаа блокирани во морето околу 24 часа, додека чекаа да бидат преземени од друг брод, пренесе ДПА.
Нема повредени при инцидентот.
Фериботот за автомобили „Тенасиа“ испловил од Валенсија во неделата вечерта и требало да пристигне на Мајорка во понеделник наутро, но на средината на патот во машинското одделение на бродот избувнал пожар, соопшти синоќа италијанската бродска компанија Ги Ене Ви.
Фериботот морал да застане и екипажот првично почнал да се бори со пожарот со средствата на бродот, но не успеал да ги угаси пламените и вчера попладне капетанот на бродот конечно наредил евакуација.
Според податоците на бродската компанија, професионални пожарникари биле донесени со хеликоптер.
Шпанската морска спасувачка служба ги пренела патниците и дел од екипажот, кои морале да облечат спасувачки елеци, на два други брода кои се наоѓале во близина. Луѓето морале да се спуштат од високиот ферибот преку спасувачка цевка до мали морски спасувачки чамци.
Потоа тие биле одведени назад во Валенсија, каде бил одвлечен и оштетениот ферибот на кој се наоѓале автомобилите и багажот на патниците.
Во Валенсија, луѓето синоќа беа сместени во хотели, пред конечно денеска да бидат транспортирани до одморалиштето, заедно со нивните автомобилите и багажот, соопшти бродската компанија.
Засега причината за пожарот не е позната. ссм/
фото: ДПА