• понеделник, 22 јули 2024

Ференцварош ќе игра во ЛШ за прв пат од 1995 година, ова е најдолга пауза меѓу два настапа

Ференцварош ќе игра во ЛШ за прв пат од 1995 година, ова е најдолга пауза меѓу два настапа
Будимпешта, 30 септември 2020 (МИА) – Унгарски Ференцварош се пласираше во групната фаза во фудбалската Лига на шампионите, каде што ќе игра за прв пат по сезоната 1995/96. Во плејоф рундата, унгарскиот клуб, го мина норвешкиот Молде (3:3, 0:0). Така, Ференцварош ќе игра во групната фаза 25 години по дебитантскиот настап на главната ждрепка во Лигата на шампионите. Ова е најдолгата пауза помеѓу првиот и вториот настап во историјата на турнирот. зс/

Остани поврзан