• сабота, 21 декември 2024

Ферари го претставија својот Ф1 болид за 2020 година (фото/видео)

Ферари го претставија својот Ф1 болид за 2020 година (фото/видео)
Маранело, 11 февруари 2020 (МИА) - Тимот на Ферари во Формула 1 официјално го објави својот болид за претстојниот шампионат. Оваа година Скудерија ќе учествува во трката број 1.000 во својата историја, и затоа новиот автомобил го носи името „SF1000“. Италијанците станаа првиот тим во Формула 1 кој официјално го објавија својот нов автомобил, додека шампионите на Мерцедес ќе ги следат на почетокот од следната недела. На сцената на шоуто се појавија и пилотите на тимот - четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел и Шарл Леклер. Шемата на бои и спонзори останаа непроменети од минатата година. Промените во дизајнот се исто така минимални и се видливи со мали детали.

Остани поврзан