• вторник, 13 август 2024

ФБИ: Почнавме истрага за иранските обиди за хакирање на кампањите на Трамп и на Харис

ФБИ: Почнавме истрага за иранските обиди за хакирање на кампањите на Трамп и на Харис

Вашингтон, 13 август 2024 (МИА) – Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) синоќа соопшти дека почна истрага дали ирански хакери упаднале во компјутери на поединци поврзани со кампањите на Доналд Трамп и на Камала Харис, објави „Си-Би-Ес Њуз“.

Во кратка изјава за телевизијата ФБИ потврди дека од почетокот на летото истражува наводи од кампањата на Трамп дека станале мета на ирански хакери. ФБИ одби да даде дополнителни коментари.

Од кампањата на претседателскиот кандидат Доналд Трамп во саботата изјавија дека тие биле хакирани и дека ирански актери биле вклучени во крадење и дистрибуција на чувствителни внатрешни документи.

Иако деталите што ги поврзуваат наводниот хакерски напад со Иран се оскудни, тврдењето следеше по објавувањето на новиот извештај на Мајкрософт, во кој се наведува случај во јуни кога единица на иранската воена разузнавачка служба испратила „фишинг електронска пошта“ до висок претставник на претседателска кампања од компромитирана електронски пошта на поранешен висок советник. кб/ми/

Остани поврзан