• недела, 22 декември 2024

ФБИ влезе во зградата на Конгресот на САД, демонстрантите сеуште на улиците 

ФБИ влезе во зградата на Конгресот на САД, демонстрантите сеуште на улиците 

Вашингтон, 6 јануари 2021 (МИА) - Агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) влегоа во Конгресот на САД, откако демонстрантите кои денеска упаднаа во законодавниот дом ја напуштија зградата, по видео обраќањето на претседателот Доналд Трамп. 

Но, иако тој ги повика да заминат дома, толпата се уште е пред Конгресот, а се забележуваат и групи по централното подрачје на Вашингтон. 

Во меѓувреме за помалку од еден час (во 18:00 локално време), започнува полициски час воведен претходно од градоначалникот Мјуриел Баузер. Таа претходно ја повика и Националната гарда во помош да се воспостави поредок во градот. 

Њујорк тајмс јави дека армијата веќе ја активирала целата национална гарда задолжена за округот Колумбија, каде се 1.100 војници. Тие се веќе во градот и се распоредуваат на неколку локации околу Вашингтон. 

Во меѓувреме, Си-ен-ен предава дека безбедносните служби досега откриле три експлозивни направи на неколку локации во Вашингтон, апитол хил. Не се знае дали направите се вистински или лажни, но се третираат како закана. Една била најдена во комплексот згради на Капитол хил. Претходно е јавено за поставена бомба во штабот на Републиканскиот национален комитет (РНЦ), а друга сомнителна пратка се појавила и во просториите на Демократскиот национален комитет (ДНЦ). кб/ 

Остани поврзан