• сабота, 23 ноември 2024

Фајон - Стефановиќ: Изборите во Србија да не го загрозуваат здравјето, да се намалат тензиите

Фајон - Стефановиќ: Изборите во Србија да не го загрозуваат здравјето, да се намалат тензиите
Белград, 25 мај 2020 (МИА) - Од суштинско значење е изборниот процес во Србија да не го загрозува здравјето на граѓаните, медиумите да обезбедат простор за сите политички актери и да се овозможи работата на меѓународните и домашните набљудувачи, истакна Тања Фајон, претседател на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Србија, по видео-конференциската врска со министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, Фајон во пораката на Твитер наведе дека е неопходно „сите страни да ги намалат тензиите и поларизацијата на општеството во медиумите“. На видео-средбата учествуваа и известувачот на ЕП за Србија, Владимир Билчик и амбасадорот на ЕУ во Србија, Сем Фабрици. Видео-конференцијата се одржа како дел од меѓупартискиот дијалог меѓу претставници на Европскиот парламент, властите во Србија, дел од опозициските партии и претставниците на граѓанските организации, чија цел е да се создадат услови за слободни и фер избори во Србија. об/гт/

Остани поврзан