• среда, 05 март 2025

Фајненшел Тајмс: Трамп забранил испраќање на разузнавачки податоци за Украина

Фајненшел Тајмс:  Трамп забранил испраќање на разузнавачки податоци за Украина

Вашингтон, 5 март 2025 (МИА) - САД го откажаа споделувањето разузнавачки информации со Киев, што може сериозно да ја загрози способноста на украинската војска да ги гаѓа руските сили, јави Фајненшл тајмс, цитирајќи официјални лица запознаени со ова прашање.

Овој потег уследи по одлуката на администрацијата на Трамп да ја прекине испораката на воена помош за Украина и драматичниот распад на односите меѓу американскиот претседател и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Соработката на американското разузнавање беше од клучно значење за способноста на Украина да ги идентификува и гаѓа руските воени цели.

Тројца функционери запознаени со одлуката потврдија дека Вашингтон ги замрзнал разузнавачките канали со Киев.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан