• понеделник, 23 декември 2024

Фаучи: Не би ме изненадило зголемување на бројот на инфицирани со Ковид-19

Фаучи: Не би ме изненадило зголемување на бројот на инфицирани со Ковид-19
Вашингтон, 22 март 2022 (МИА) - Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи денеска изјави дека не би бил изненаден ако се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, но оти не очекува голем пораст.

- Воопшто не би бил изненаден да видам пораст на бројките, истакна Фаучи, додавајќи оти не очекува поголем пораст, освен ако не се промени нешто драматично, што би предизвикало голем скок.

Според него, очекуваното зголемување на бројот на заболени би можело да се должи големата заразност на сојот Омикрон и укинувањето на мерката за носење на маски. ми/

Остани поврзан