• четврток, 21 ноември 2024

Фати повторно ја напушта Барселона

Фати повторно ја напушта Барселона

Барселона, 29 октомври 2024 (МИА) - Барселона го информираше менаџерот на Ансу Фати, Жорге Мендеш дека играчот ќе може слободно да си замине веќе во јануари и да се приклучи на друг тим на позајмица во потрага по поголема минутажа.

Шефовите нема да се мешаат во одлуките на тренерот Ханзи Флик, пренесе шпанскиот весник „Спорт“.

Каталонскиот гигант имаше одличен почеток на сезоната, а бавниот развој на Фати е една од работите што го загрижува клубот. 21-годишниот напаѓач се врати од позајмица во англиски Брајтон, каде заработи повреда и одигра само 132 минути, со само еден старт.

Агентот на Ансу Фати веќе почна да бара опции за нова преселба во друг тим на позајмица. Има интерес од Севиља, која потврди дека е заинтересирана за привлекување на фудбалерот пред летото. дс

Фото: Архива

Остани поврзан