• петок, 20 февруари 2026

Фатих Улусој амбасадорот на Република Турција во посета на Гостивар

Фатих Улусој амбасадорот на Република Турција во посета на Гостивар

Гостивар, 21 јануари 2026 (МИА) – Продолжување на соработката и создавање на подлабоки врски најави амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој кој оствари работна посета на Гостивар. Тој се сретна со градоначалникот на општина Гостивар Ваљбон Лимани кој оцени дека ова е сигнал за зајакнување на соработката.

- Со мојот личен пријател и пријател на Гостивар, амбасадорот Улусој разговаравме за досегашната соработка и за идните планови. Од оваа посета очекувам плодна соработка во иднина, рече градоначалникот Лимани.

Тој кажа дека посетата претставува важна основа за продлабочување на меѓусебната соработка во различни области како што се културата, спортот, образованието и поттикнувањето идеи за одржлив локален развој.

Амбасадорот Улусој му честиташе на Лимани на изборот за градоначалник и истакна дека Турција и Гостивар споделуваат заеднички вредности, историја и интереси, кои треба да се искористат како потенцијал за интензивирање на соработката во иднина.

Во рамки на посетата, градоначалникот Лимани и амбасадорот Улусој го посетија и ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ во Гостивар, образовна институција во која наставата ја следат поголем број на ученици од турската заедница.згм/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан